Во организација на ОК „Џио Струмица“ утре и задутре во спортската сала „Парк“ ќе одржи прв меѓународен меморијален турнир во чест на прерано починатиот поранешен одбојкар Горан Панов-Близнако, соопшти раководството на клубот на денешната прес конференција.
– На меморијалниот турнир освен домаќинот ,,Џио Струмица” ќе учествуваат и екипите на Будуќност од Подгорица, Црна Гора, Пирин од Разлог, Бугарија и Борец од Бања Лука, Босна и Херцеговина. Турнирот ќе се игра по принцип на полуфинале и финале. Утре турнирот ќе го отворат екипите на Пирин и Будуќност, а во вториот натпревар настапуваме ние против Борац. Победниците ќе се сретнат во финалето, а поразените ќе играат во натпревар за трето место, информираше секретарот на клубот и играч, Ристо Николов.
Џио Струмица минатата недела го организираше и Балканскиот клупски куп на кој победи турскиот екипа Токат, а домашните одбојкари го освоија второто место и не успееја да обезбедат пласман во ЦЕВ Челинџ купот.