Наградата за најкорисен кошаркар по втората рунда во АБА-лигата повторно заврши во рацете на кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром.
По доминацијата на Нуни Омот по првото коло, наградата за најдобар сега отиде кај Џабари Хиндс, чија фантастична партија беше една од причините за завчерашната победа на гостувањето на „металците“ кај Спарс.
Американскиот плејмејкер мечот во Сараево го заврши со 23 поени, девет скока и осум асистенции. Тоа му донесе индекс на корисност 33, односно еден поен помалку од кошаркарот на Хелиос, Блаж Махковиќ, чија екипа загуби па не можеше да го добие главното признание.
Хиндс воедно е и втор најдобар асистент на колото, со три додавања помалку од најдобриот неделава, Никола Кораќ од Нови Пазар.