Тајфунот во Јапонија сериозно се заканува на одржувањето на трката за Големата награда на Јапонија. Поради неговата сила, квалификациите мораа да се одложат за недела и ќе се одржат неколку часа пред трката. Ако тоа воопшто е можно да се случи.

Третата тренинг сесија нема да се одржи, па тимовите ќе треба да ги згуснат своите програми и да се соберат во две сесии.

Врне дожд на патеката „Сузука“, а ветриштата на трасата се очекува да стигнат до 110 км на час. Во недела, за време на квалификациите и натпреварувањето, се очекува да има исто толку ветер, а може дури и да биде посилен. Веќе има информации за загинат човек откако неговиот автомобил бил превртен од ветрот.

Ако се појават компликации за квалификациите да не можат да се одржат ни во недела, тогаш пилотите на стартната линија ќе бидат рангирани според времињата запишани на вториот слободен тренинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2019 13:08