Пилотот на Формула 1 во Ферари, Шарл Леклер доби казна од 15 секунди кон неговото време, со кое ја заврши Големата награда на Јапонија. Санкцијата дојде во врска со судирот меѓу него и Макс Верстапен (Ред Бул) во првите метри на „Сузука“.

Холанѓанецот беше во можност да го искористи послабиот старт на својот конкурент и го престигна скоро со целата должина на болидот пред да влезе во вториот завој. Пилотот од Монако пристапи агресивно во обид да ја врати својата позиција, а – според неговите зборови – обидот довел до удар во болидот на Ред Бул на Верстапен. Ова доведе до тоа Холанѓанецот да се повлече од трката, а Леклер заврши на 6-то место.

Сега стјуардите на „Сузука“ решија да додадат 5 секунди на резултатот на Леклер заради самиот судир и уште 10 секунди, поради фактот што тој продолжи да го „вози автомобилот во небезбедна состојба“.

Така, Леклер оди на 7-то место во конечниот пласман, а тоа му одговара најмногуна Даниел Рикардо (Рено), кој се искачи на 6-то место.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2019 12:51