Со доделувањето на медалите на најуспешните натпреварувачи во поединечна конкуренција и во игра на двојки заврши најголемото натпреварување во пинг понгот досега организирано во нашата земја.
Одличјата на најдобрите им ги додели претседателот на пинг понгарската федерација Горан Тиловски.
Освојувачи на медали по категории:
Јуниори, поединечно
Истрате Андреј Теодор – Романија Фернандез Карлос – Перу Бан Ивор – Хрватска, Делинчак Филип – Словачка Јуниорки, поединечно
Томињак Радмила – Србија Безег Река – Србија Сингеорзан Јоана – Романија, Унгвари Евелин – Романија Кадети, поединечно
Жилаги Пол – Романија Истрате Андреј Теодор – Романија Фросет Мартин – Норвешка, Фернандез Карлос – Перу Кадетки, поединечно
Меи Росу Бјанка – Романија Ван Хауарт Џули – Белгија Унгвари Евелин – Романија, Фотиадоу Криси – Грција.
Во јуниорска конкуренција во двојки кај јуниорите најуспешни беа хрватите, додека кај јуниорките двојката од Србија го освои златото.
Кај кадетите и кадетките злато освоија двојките од Романија.
На состанокот кој балканските држави го одржаа за време на турнирот беше формирана Балканската лига за кадети и јуниори. Првите натпревари во оваа лига ќе се одржат во ноември во Приштина, Косово.