На Светскиот одбојкарски куп што се одржува во Јапонија, репрезентацијата на Бразил забележа победа над Полска во дерби натпреварот од 9. коло. „Кариоките“ славеа во пет сета со 3:2, по сетови 19:25, 25:23, 25:19, 16:25 и 15:11.
На тој начин Бразил го задржа максималниот ефект на врвот на табелата, додека Полска е втора.
Резултати од денешното, 9. коло:
Аргентина – Русија 3:1
Италија – Канада 2:3
САД – Австралија 3:0
Полска – Бразил 2:3
Тунис – Египет 3:1
Јапонија – Иран 3:1.
Во горниот дел на табелата е Бразил со 26 бода, пред Полска со 22, САД со 21 и Јапонија со 20 бода.