Машката кошаркарска јуниорска репрезентација (до 18 години) викендот што измина го освои првото место на пријателски турнир во Шумен, Бугарија.

На првиот натпревар, јуниорите забележаа триумф од 89:69 против кошаркарскиот клуб Оканик од соседна Србија, а во финалето против Бугарија беа подобри со 88:74.

Со постигнат 41 поен во финалниот македонскиот репрезентативец Андреј Андоноски се закити со трофејот за најкорисен играч (МВП).



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 10:06