Првиот човек на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ, после поразот на „црно-белите“ од Приморска во АБА лигата, имаше многу критики на сметка на играчите кои го носат дресот на белградскиот клуб.

– Како никогаш да не играле кошарка. И на најдобрите тимови на светот им се случува лоша вечер, но не е својствено на Партизан играчите да се однесуваат како првпат да играат, ниту е на нивото на стручниот штаб. Ќе почекаме да се вратат од Литванија, да видиме што ќе се случи таму во Еврокупот, а потоа имаме ново тешко гостување кај Морнар, изјави остриот Мијаиловиќ.

Партизан е шесткратен освојувач на јадранската АБА лига, а Приморска е дебитант, клуб кој во минатата сезона беше првак на втората АБА, и затоа поразот ги заболе „црно-белите“ кои во Копер дадоа само 56 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 20:30