Во пријателски дуел на два поранешни НБА шампиони, ноќта понеделник кон вторник, Лос Анџелес лејкерс го совлада Голден Стејт вориорс со 104:98.

„Есзерџиите“ ги добија првата и третата четвртина со 28:17 и 32:24, додека гостите од Оукленд беа поуспешни во вториот и последниот период 31:27 и 26:17.

Зек Норвел со 22 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека Ли со 18 и Кари со 17 се издвоија кај гостите.

На другите натпревари одиграни ноќеска во пресрет на новата сезона: Мајами – Атланта 120:87 мемфис – Шарлот 99:120 Далас – Оклахома 107:70 Јута – Сакраменто 115:128 Феникс – Денвер 102:107



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 11:15