Скудерија Торо Росо е одобрено да го промени своето име во 2020 година. Тимот ќе го носи името Скудерија Алфа Таури следната сезона. Ова е брендот на модната марка Ред Бул, кој стартира пред две години и го носи името по ѕвездата од coѕездието Бик. За овие намери се знаеше порано, но според информациите на сајтот „Аутоспорт“, Формула 1 ја одобриле измената. Гласањето се одржало една недела по руското Гран-при.
Вториот тим на Ред Бул се натпреварува како Торо Росо од 2006 година, откако компанијата за енергетски пијалоци го купи Минарди. Целта е јасна – да се има место каде младите тркачи ќе се развиваат и ќе стекнат искуство.
За 15 сезони, Торо Росо (инаку италијански превод на Ред Бул) има 264 старта, една победа, два подиуми и 474 освоени поени. Најдоброто рангирање беше во 2008 година – шесто место во првенството кај конструкторите.