Формула 1 ќе организира тркачки викенд во Мајами во 2021 година по принципиелниот договор да се одржи трка околу домот на локалните „Долфинс“ – „Хард рок“ стадионот.

– Воодушевени сме да објавиме дека Формула 1 и стадионот„ Хард рок“ постигнаа принципиелен договор за спроведувањето на првото Гран-при на Мајами. Ние сме убедени дека оваа трка ќе биде огромен економски успех за Јужна Флорида и не можеме да чекаме да се одржи најстрашната трка со автомобили во една од најгламурозните области на светот“, изјавија маркетинг директорот на Ф1, Шон Брачес и Том Гарфинкл, кој е потпретседател на Мајами Долфинс.

Веќе се појавија фотографии за тоа како би изгледала трасата, но не е јасно во оваа фаза дали трката ќе го замени Гран-при на САД на патеката Остин. Ако Мајами влезе во календарот наместо друга патека, тогаш ќе има 2 трки во САД за прв пат од 1984 година.

Формула 1 сепак треба да добие дополнителни дозволи, но ако се оди според планот, тогаш ГП на Мајами ќе биде закажано за мај 2021 година. Како што е познато, првичните планови беа трката да се одвива во центарот на градот, но тие не успеаја да се материјализираат. Сепак, интересот за Ф1 за областа е огромен, затоа што минатата година се собраа 80.000 луѓе за Ф1-фестивалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 23:28