Раководството на Лос Анџелес Лејкерс го продолжи за уште една година договорот на Кајл Кузма.
Ова значи дека 24-годишниот Кузма ќе остане во составот за сезоната 2020/21 и ќе добие 3,5 милиони долари за неа.
Кузма беше избран од Лос Анџелес под број 27 на Драфтот во 2017 година.
Во својата професионална кариера досега има 17,3 поени, 5,9 скока и 2,2 асистенции по натпревар.