ЦСКА Москва и Барселона се единствените тимови без пораз во кошаркарската Евролига по три кола, а тоа и не треба да чуди ако се знае колку пари потрошија овие два клуба за реконструкција на своите состави.

Каталонците кои во своите редови го имаат најскапиот кошаркар во Европа, Никола Миротиќ, ја победија Алба Берлин со 103:84. Шпанецот со црногорско потекло придонесе со 18 поени.

По првите три рунди, без победа е само Валенсија, која загуби од европскиот вицепрвак Анадолу Ефес со 78:83, додека историска прва победа во најсилното европско клупско натпреварување извојува Зенит од Санкт Петербург. Рускиот тим славеше на гости кај Олимпијакос со 77:68. Следното коло од Евролигата се игра на 24 и 25 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2019 11:11