Сите тимови кои беа фаворити и пред натпреварите, без поголеми проблеми извојуваа победи во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига, а колото ќе се комплетира утре.

Откако вчера првакот МЗТ и без најискусните лесно го победи својот втор тим, денеска гевгеличани со пет играчи со двоцифрен број на поени, рутински славеа на гостувањето кај Вардар.

Во Кавадарци, Јане Петровски со седум тројки од осум обиди, и девет асистенции, потсети на своите најдобри денови, и беше најзаслужен за убедливата победата над Пелистер. Битолчани ја добија првата четвртина, но Еуро Никел во следните 20 минути беше предоминантен. Младиот тим на ФМП Академија водеше на полувреме, но искуството на кумановци исплива на површина, па и во Кисела Вода немаше неизвесност.

Резултати, 2. коло: МЗТ Скопје Аеродром – МЗТ Скопје Уни банка 108:77, Вардар – Кожув 64:85, Еуро Никел – Пелистер 92:63, ФМП Академија – Куманово 80:93. Утре од 18 часот се игра дербито Работнички – Гостивар.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2019 10:25