Во кошаркарскиот клуб Фенербахче се среќни што по цели осум месеци пауза поради повреда им се врати францускиот центар Жофри Ловерњ.

На денешниот натпревар од турската лига, Фенер го победи Бахчешехир со 74:60, а најефикасен поединец во истанбулскиот тим беше токму Ловерњ, кој даде 13 поени. За 22 минути игра, тој имаше и пет скока.

Поради повредата на скочниот зглоб, Ловерњ го пропушти клучниот дел од минатата сезона, а не настапи ниту на Светското првенство во Кина. Фенер го купи Владимир Штимац како привремено решение, па сега кога се врати Ловерњ, треба да се процени дали имаат потреба од Србинот или ќе се разделат со него.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2019 19:23