„Работнички“ го совлада „Гостивар“ со 91:90 во дербито на Првата машка кошаркарска лига, а јунак на натпреварот беше српскиот крилен центар Данило Мијатовиќ.

Некогашниот играч на „МЗТ“ Скопје, „Куманово“, „Блокотехна“ и „АВ“ Охрид, даде кош во последната секунда, откако претходно, на три секунди до крајот, Донован Доналдсон погоди за минимално водство на гостиварци.

„Гостивар“ на пет минути до крајот водеше со девет поени разлика, имаше плус од 90:89 на три секунди до крајот, но Мијатовиќ поентираше со последниот звук на сирената за голема радост на „црвено-белите“ кај кои Лесколт имаше 25 поени и по осум скока и асистенции. Доналдсон со 21 поен, 10 скока и осум асистенции беше најдобар кај гостиварци.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 09:55