Македонските карате репрезентативци пристигнаа во Сантјаго, Чиле каде ќе настапат на 11. Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври.

На Мундијалот македонскиот тим ќе го сочинуваат: Бојан Костов, кумите машки, кадет -52 кг., Фахик Весели, кумите машки, У21 -67 кг., Доан Османи, кумите машки, У21 -75 кг., Вероника Костовска, кумите женски, У21 -61 кг., Ангела Мојсовска, кумите женски, У21 -68 кг. како и натпреварувачите во кати машки Александар Неделковски и ката женски Владанка Аврамова.

Тренери-селектори на националниот тим во борби се Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини, додека селекторот-тренер на државната репрезентација во кати е Ивана Аврамова.

На ова Светско првенство ќе настапат вкупно 1.557 натпреварувачи од 96 земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 14:49