Кошаркарот на Њу Орлеанс, Зајон Вилијамсон ќе го пропушти почетокот на сезоната 2019/20, пренесува „Би-Би-Си“. Деветнаесет годишниот играч се повреди во претсезоната и беше подложен на операција на коленото.

Се очекува тој да се врати на терените за 6-8 недели.

Вилијамсон беше прв избор на драфтот во НБА 2019 година.

Првиот натпревар на Њу Орлеанс е против шампионот Торонто репторс ноќеска во 2 часот по полноќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 10:52