Пливачот Стефан Трпковски, кој освои златен медал на Летните игри на Специјалната олимпијада во Абу Даби, се сретна со градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Аеродромецот Трпковски, кој од градоначалникот доби пофалница за постигнатиот успех, ги пренесе своите впечатоци од Олимпијадата на која освои злато на 50 метри во слободен стил.

Дваесет и едногодишниот Стефан живее во населбата Лисиче, а со спорт се занимава од најмала возраст. Досега има освоено многу награди на натпревари во земјава и во странство, а во 2015 година се закити со два медала на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада во Лос Анџелес.

Општина Аеродром ги охрабрува младите да спортуваат и континуирано работи на подобрување на условите за спорт. Во таа насока, од минатата година за првпат воведе еднократна парична помош за талентирани спортисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2019 12:12