Најскапиот кошаркар кој игра за европски клуб, Никола Миротиќ, во интервју за „Спорт клуб“, рече дека не одбил да игра за родната Црна Гора, но таму имало стручњаци кои не верувале во неговиот квалитет кога имал 15-16 години, па реши да настапи за Шпанија, во која созреа како играч.

– Постоеше шанса да играм за Црна Гора, но според нивно мислење, не бев доволно добар за да играм за јуниорската или кадетската репрезентација. Следното лето добив шанса да земам шпански пасош, со кој ми беше полесно да влезам во првиот тим на Реал. Со Шпанија која беше силна во тие младински категории, и како млад и сениор освојував медали. Тоа е вистината, нека знаат луѓето, вели крилото на Барселона.

Миротиќ е роден во Подорица, а кога имаше 14 години замина во Мадрид. Имал понуда да игра и за Србија, но мисли дека не погрешил што ја одбра Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2019 20:28