Олимпискиот шампион од Сиднеј 2000, Винс Картер, стана првиот играч во историјата кој зел учество 22 сезони во НБА. 42-годишниот ветеран влезе како резерва и запиша 10:14 минути на теренот со една асистенција во успехот над домаќинот Детроит со 117:100 на Атланта, во првиот натпревар од новата кампања.

Картер ја започнува својата втора сезона во тимот, за кој во просек оствари 7,4 поени, 2,6 скока и 1,1 асистенции на 76 натпревари минатата сезона.

Седумкратниот играч на Олстар натпреварот во НБА лигата има настапувано и за Торонто, Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис и Сакраменто, запишувајќи 1.482 натпревари во регуларната сезона (петти во генералниот пласман во лигата) со 25.430 поени.

Тој исто така има 88 настапи во плејофот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2019 13:33