Маверик Вињалес со својот Јамаха мотоцикл беше најбрзиот пилот во втората слободна тренинг сесија на Мото ГП тркачкиот викенд во Австралија. На самиот крај на сесијата, шампионот за 2019 година, Марк Маркез (Хонда) го удри тимскиот колега Хорхе Лоренцо. Фабио Куартаро не зеде учество поради медицинската помош, што ја доби по неговата несреќа на првата тренинг сесија рано наутро.

Вињалес го зазеде првото место уште на почетокот на сесијата на „Филип Ајленд“, а на крајот заврши со пола секунда предност пред Андреа Довициозо со Дукати. Трет беше Кал Крачлоу со сателитската Хонда пред Данило Петручи и Џек Милер со Дукати.

Маркез се најде на шестото место, а во својот последен круг, во обид да го надмине својот тимски колега Хорхе Лоренцо на 11-тиот свиок. Резултатот, меѓутоа, беше контакт меѓу нив, од кој „излета“ дел од едниот мотор.

Маркез го остави зад себе ветеранот Валентино Роси, а потоа следеше талентот на Сузуки Алекс Ринс. Топ 10 ги надополнија Франко Морбидели со Јамаха и Алеиш Еспергаро со Априлија. Јоан Зарко беше на 15-то место со Хонда, 1,6 секунди зад Вињалес, но со две десетини предност пред Лоренцо.

Инцидент на сесијата претрпе Пол Еспергаро со КТМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2019 13:49