После тешкиот период и закрепнувањето од сообраќајната несреќа, кошаркарот Огњен Кузмиќ во Црвена ѕвезда го одбра дресот со бројот 0, затоа што со тој број, во спортот и животот воопшто, симболично како да почнува од нула.

Кузмиќ се врати на терен на евролигашкиот меч против Барселона, и беше поздравен со овации. Пред три месеци, тој имаше тешка сообраќајка, по која една недела беше во кома, и постоеја критични моменти кога не се знаеше ниту дали ќе преживее.

Не само што преживеа и закрепна од повредите и скршениците на вилицата, туку тој ѝ се врати на кошарката, и повторно е на паркетот. Центарот се чувствува како да почнува нов период во животот, и тргнува од нула, со нова бројка на дресот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 10:53