Наоми Осака ја совлада Петра Квитова по 7:6 (1), 4:6, 6:4 во средбата на Црвената група на завршниот ВТА турнир во Шенжен.
На тој начин Јапонката се најде на врвот во групното рангирање, а тоа беше првиот натпревар на завршниот турнир за жени во кој учествуваат најдобрите осум.
Тоа беше втор натпревар помеѓу двете тенисерки на турнејата и втора победа за Јапонката.