Предводени од Каваи Ленард, кошаркарите на Лос Анџелес клиперс го совладаа Шарлот хорнетс во еден од 11-те натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник.

Ленард уште еднаш покажа дека е огромно засилување за Клиперси оваа сезона. Тој мечот го заврши со 30 поени, седум скокови и шест асистенции.

Резултати: Детроит – Индијана 96:94 Њујорк – Чикаго 105:98 Атланта – Филаделфија 103:105 Торонто – Орландо 104:95 Хјустон – Оклахома 116:112 Милвоки – Кливленд 129:112 Њу Орлеанс – Голден Стејт 123:134 Сан Атонио – Портланд 113:110 Феникс – Јута 95:96 Сакраменто – Денвер 94:101 ЛА клиперс – Шарлот 111:96.

По почетните кола без пораз, со по три победи досега се Минесота, Денвер, Сан Антонио и Филаделфија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 11:50