Без електрична енергија утре во одреден период од денот ќе останат жителите на делови од општините Кисела Вода, Карпош, Сопиште и Ѓорче Петров, информираат од „ЕВН Македонија" АД.

Прекинот во дотокот на струја ќе биде поради технички зафати во електро-системот во Град Скопје.

Без електрична енергија во периодот од 08:30 до 15:00 часот ќе останат, корисниците од ул. „Томе Томшиќ" и дел од околните улици во општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите околу Педагошки Факултет на ул. „Каирска" во општина Карпош.

Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Нова Брезница, односно куќите на потегот меѓу двете трафостаници во општина Сопиште.

Во периодот од 12:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Александар Македонски", ул. „Кадињача", дел од ул. „Црногорска" околу објект бр. 45, дел од ул. „Борис Сарафов" од 142 до 148, како и ул. „Андреја Папрадички" во општина Ѓорче Петров.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 12:42