Понекогаш судбината знае да одигра лоша шега, и токму таква го стигна Џек Сок оваа недела. После освојувањето на „Мастерсот“ во Париз пред две години, по што стана број 8 во светот и се квалификуваше во финалето на АТП, Американецот веќе е на дното на тенисот и од понеделник ќе биде без официјален ранг.

Вчера поранешниот американски прв рекет го запиша својот седми сингл пораз во сезоната, а негова единствена победа дојде на демонстративниот турнир „Лејвер куп“.

Сок заостануваше со сет против светскиот број 449, Мајкл Перволаракис кога почувствува болка во грбот и мораше да се откаже при 6-7 (7) 0-1.

Ова е несомнено една од најнеочекуваните приказни во тенисот. На крајот на 2017 година, Џек дојде до врвот на тенисот, обезбеди место меѓу елитата и импресионираше со својата игра. Имаше повреда на палецот и се здоби со многу дополнителна тежина, а неговиот фокус се повеќе се префрли на паровите на кои не треба исто ниво на физичка подготвеност.

Со своето убаво чувство за топка и совршен волеј, Сок останува еден од најдобрите во тандеми, но кариерата во сингл ќе мора да ја започне од нула.

Слободниот пад на поранешниот број 8 трае веќе две години и денес го достигна својот најнизок можен момент во тенисот. Оттука па натаму, патот е само нагоре.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 22:07