Јапонскиот министер за правда Кацувуки Каваи денеска си поднесе оставка на функцијата откако во јавноста излегоа информациите дека неговиот кабинет им делел подароци на избирачите. Ова е втора оставка во новиот владин кабинет на премиерот Шинѕо Абе за помалку од една недела.
Оставката на Каваи следеше шест дена откако поранешниот министер за трговија и индустрија, Ишуа Сугавара, беше обвинет за прекршување на изборниот закон затоа што, наводно, на избирачите од својата изборна единица во Токио како подароци им давал дињи и ракчиња.
Двајцата беа први министри во кабинетот, но нивните оставки веројатно нема да предизвикаат трајна штета заради недостигот од силни ривали и слабата опозиција, сметаат јапонски аналитичари.
Во текст во неделникот „Шукан Буншун“ беше објавено дека Каваи освен што на своите приврзаници им продавал различни производи, вклучувајќи и во Јапонија вообичаено скапото манго, и неговата сопруга пратеничката на Либерално-демократската партија Анри Каваи, на вработените во нејзината кампања им исплаќала повеќе од со законот дозволени износи.
Каваи изјави дека ни тој ни неговата сопруга не знаат ништо за пријавените наводи и го негираше прекршувањето на било кој зкаон, но, додаде, дека одлучил да поднесе оставка за да го одбегне нанесувањето штета на правосудниот систем со губење на доверба во јавноста.
Во обраќањето до јавноста премиерот Абе се извини вторпат за една недела, изјавувајќи дека е одговорен за именувањето на двајцата министри во неговиот нов кабинет.
-Како личност која ги именувала имам одговорност и затоа и се извинувам на нацијата, рече Абе пред новинарите, нмабрзо откако ја прифати оставката на Каваи.