Македонската репрезентација во традиционално карате од 1-3 ноември 2019 година ќе учествува на Светскиот фудокан карате шампионат во Синделфинген – Штутгарт, Германија.

Македонската репрезентација ќе биде предводена од селекторот Венцислав Недев, а ќе настапат следните каратисти: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева, Бојан Богдановиќ, Камелија Недев и Софија Јарчевска.

На шампионатот ќе настапат 1.600 каратисти од 40 земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2019 12:34