Селекторот на Голден стејт, Стив Кер, ја коментираше повредата на Стеф Кари на натпреварот против Феникс (110:121).

Првата ѕвезда на Голден стејт ја скрши левата рака.

– Ова е многу тежок почеток на сезоната за нас на многу нивоа. Ќе с еобидеме да се адаптираме на ново настаната ситуација. Повредата на Кари во голема мера комплицира сè. Ние ќе ја процениме ситуацијата и ќе видиме што да правиме понатаму, изјави Кер.

Предводникот на Голден стејт соопшти дека по натпреварот, играчот кој го повреди Кари, Арон Бејнс дојде во тимот и се распрашуваше како е Стеф.

– Беше случајна повреда. Тоа се случува, додаде Кер.

Голден стејт по четири одиграни натпревари од почетокот на сезоната има три порази и само една победа.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2019 15:40