Терористичката организација Исламска држава именуваше наследник на лидерот Абу Бакр ал Багдади, кој минатиот викенд беше убиен во Сирија.

Во аудио-порака објавена на џихадистичките медиуми се наведува дека новиот лидер на ИД е Абу Ибрахим ал Хашими.

За Ал Хашими малку податоци се познати, освен дека е од исто племе како и ал Багдади.

На снимката на која се оплакува Ал Багдади, потвдена е и смртта на неговиот близок соработник и портпарол на ИД, Абу Хасан ал Муханџир, кој загина во заедничката операција на американските и курдските сили во севернипт дел на Сирија, неколку часа откако Ал Багдади активира експлозив за време на рацијата на американските сили во сириската провинција Идлиб.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2019 18:59