Пилотите во Формула 1 ги покажаа своите вештини во живо пред навивачите собрани на Холивуд Булеварот во Лос Анџелес пред претстојното Гран-при на САД.

Валтери Ботас, Даниел Рикардо, Макс Верстапен и Алекс Албон се натпреваруваа по правење кругови во место, популарно наречени „крофни“, на затворените холивудски, специјално за настанот, улици.

– Да се ​​вози Ф1 болид по Холивуд Булеварот е како … Се чувствувам како дете во слаткарница, рече Рикардо.

Алекс Албон од Ред Бул направи смешна исповед: „Јас правам „крофни“ за прв пат, па признавам искрено, јас бев скоро нервозен. Бев многу нервозен, но тоа беше навистина забавно. Слушнав како викаше публиката. Многу ви благодарам!“

Трката за „крофни“ ја доби Валтери Ботас: „Беше супер, се надевам дека сите се забавуваа, јас лично се забавував. Уште од моето прво возење на картинг на 5-годишна возраст, се за заљубив во спортот. Потоа им кажав на сите, дека еден ден ќе бидам пилот на Ф1“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2019 19:22