Себастијан Фетел изјави дека неговата иднина во Ф1 во 2021 година зависи од тоа дали ќе му се допаднат промените во регулативите, што ќе ги воведе „Либерти Медиа“. Тие ќе бидат презентирани за време на Гран-при на САД и ќе вклучуваат граници за буџет и технички измени во автомобилите, што треба да го олеснат престигнувањето.

– Се чини дека колку подолго се задржуваат правилата, толку подолго се изедначуваат силите. Но, ова важи за трите екипи во челото, а се уште има доста разлика со останатите екипи. Секогаш ги имате најдобрите автомобили напред, како и најдобрите пилоти напред, но ќе биде многу подобро ако сите се приближат еден до друг. Се надевам дека нешто добро ќе излезе од промените затоа што мерки секако се потребни, рече Фетел за „Мотоспорт“.

Според него, сите трошат многу пари за да се обидат да постигнат барем малку повеќе.

– Работите треба да се поедностават на некој начин. Исто така, постои добра линија помеѓу зачувувањето на ДНК-то на Ф1 и желбата за згуснување на мрежата, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2019 19:25