Училиштата во индиската престолнина ќе бидат затворени до 5 ноември, соопштија денеска градските власти, додека жителите на Њу Делхи веќе трет ден го дишат најлошиот воздух во сезоната.
– Главниот градски министер Арвинд Кеџривал нареди затворање на училиштата поради пожари од фарми во соседните земји од кои доаѓаат големи количини чад во главниот град, напиша министерот на Твитер, на јазикот хинди.
Претходно денеска, владината комисија за заштита на животната средина прогласи вонредна состојба поради загадувањето на воздухот.
– Ова е здравствена вонредна состојба, бидејќи загадувањето на воздухот сега е опасно и со штетно влијание по здравјето, особено кај децата, се наведува во соопштението.
Владините индекси кои го следат загадувањето на воздухот достигнаа 500 во неколку делови на престолнината, а секое ниво над 400 се смета за тешка состојба која претставува ризик за здравјето на луѓето.
Владата презеде мерки за намалување на загадувањето и со ограничување на движењето на возилата во градот по системот „парни и непарни“ регистарски таблички