Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија, официјално го назначи Владимир Ѓоровиќ за селектор на женската сениорска репрезентација.

Искусниот тренер на Струга 2009, летоска работеше со потенцијалните репрезентативки, а за в понеделник го закажа првиот собир, пред настапот во квалификациите за Европското првенство 2021 година.

На 14 ноември, девојките гостуваат кај Германија, а три дена подоцна во „Јане Сандански“ во Скопје ќе ни гостува Летонија. Тренинзите ќе бидат во големата сала на СРЦ Кале, а Ѓоровиќ повика 18 кандидатки.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2019 17:04