Младата активистка Грета Тунберг, која од Европа со брод допатува во САД, сега бара бродски превоз за да стигне во Мадрид, каде ќе се одржи годишниот самит на Обединети нации за климатските промени.

Глобалниот климатски самит на ОН ќе се одржи од 2 до 13 декември во Мадрид, откако претходниот домаќин Чиле се откажа поради протестите во таа јужноамериканска земја.

Тунберг одбива да патува со авион бидејќи тоа превозно средство многу ја загадува животната средина.

– Треба да пронајдам превозно средство преку Атлантикот во ноември… Ако некој ми помогне би била исклучително благодарна, напиша Тунберг на Твитер.

Младата шведска активистка на 14 август од Плимут, Велика Британија тргна кон Њујорк со едрилица.

Таа во септември учествуваше на Самитот на ОН во Њујорк, а потоа патуваше низ САД и Канада.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2019 22:02