Бугарскиот тенисер Григор Димитров, е прв полуфиналист на Мастерс турнирот во Париз.
Димитров денеска во четвртфиналето го совлада Кристијан Гарин од Чиле со 6:2, 7:5. Ова беше нивни прв меѓусебен дуел. Во вториот сет, популарниот Гришо губеше со 4-5 во гејмови, но направи серија од освоени три гејма по ред, па ја потврди победата во два сета.
Тенисерот од Хасково, во полуфиналето ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ или Стефанос Циципас. Без разлика дали ривал на Бугаринот ќе биде Србинот или Гркот, еден од нив тројца ќе го претставува балканскиот полуостров во финалето во Париз и ќе се бори за освојување на 1.000 АТП поени.