Сите 39 лица кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во Есекс се Виетнамци, соопшти британската полиција.

– Во овој момент, ние веруваме дека сите жртви се со виетнамска националност и ние сме во контакт со виетнамската Влада“, рече полицискиот службеник на Есекс, Тим Смит.

Тој додаде дека британската полиција е во директен контакт со некои семејства во Виетнам, како и во Велика Британија.

– Веруваме дека ги идентификувавме семејствата на некои од жртвите, рече Смит.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 12:00