Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада Жо-Вилфред Зонга со 7-6 (7-4), 6-1 и се квалификуваше во полуфиналето на „Мастерс“ турнирот во Париз.

Надал го скрши отпорот на Французинот за 1 час и 35 минути и продолжува напред во турнирот без да изгуби сет.

Негов противник на патот кон финалето ќе биде Денис Шаповалов, кој за точно еден час го совлада Гаел Монфис со 6:2, 6:2.

Триесет и три-годишниот Надал и 13 години помладиот од него Шаповалов досега се сретнаа двапати и разменија по една победа.

Претенденти во другото полуфинале денес ќе бидат Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 12:13