Олимпијакос доживеа тежок пораз на домашен терен од Макаби Тел Авив со 65:90 во 6.коло од кошаркарската Евролига. Макаби тотално доминираше во Атина и до крајот разликата сеискачи на 25 поени.
За гостите од Тел Авив со по 19 поени се истакнаа Скоти Вилбекин и Тајлер Дорси, а за Олимпијакос 16 поени постигна Јоргос Приндезис.
ЦСКА Москва е на врвот на табелата, откако го победи Зенит Санкт Петербург со 87:70. Двете руски екипи се сретнаа за прв пат во Евролигата. Центарот на Зенит Густаво Ајон беше најефикасен со 20 поени и Мајк Џsејмс заврши со 16 поени за победниците.
Барселона го запиша првиот пораз во сезоната, откако загуби од Армани Милано со 70-83. Успехот на Милано е петти по ред за тимот и со него екипата го дели првото место во пласманот заедно со ЦСКА Москва и Барселона.
Евролига, натпревари од прва фаза:
Зенит Санкт Петербург (Русија) – ЦСКА Москва (Русија) – 70:87 Фенербахче (Турција) – Жалгирис Каунас (Литванија) – 76:79 Валенсија (Шпанија) – АСВЕЛ Вилербан (Франција) – 81:72 Армани Милано (Италија) – Барселона (Шпанија) – 83:70 Олимпијакос (Грција) – Макаби Тел Авив (Израел) – 65:90 Басконија (Шпанија) – Баерн Минхен (Германија) – 93:60 Реал Мадрид (Шпанија) – Алба Берлин (Германија) – 85:71
од четврток: Црвена Sвезда (Србија) – Химки Москва (Русија) – 90:78 Панатинаикос (Грција) – Анадолу Ефес Истанбул (Турција) – 86:70
ЦСКА Москва има 11 бода во пласманот, следат Барселона 11, Армани Милано 11, Макаби Тел Авив 10, Химки 10 итн.