Најмалку 53 војници и еден цивил се убиени во текот на вчерашниот ден во напад на екстремистите на една воена локација во северно Мали, соопшти денеска Владата на таа земја.

Портпаролот на Владата, Јаја Сангар рече дека се пронајдени 54 тела, како и десетмина преживеани, а во нападот е направена значителна материјална штета.

Нападот се случил во регионот Менака.

Групи блиски до Лл-Каеда и таканаречената Исламска држава имаат упориште во Мали од каде што дејствуваат, дестабилизирајќи делови на Нигер и Буркина Фасо.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2019 12:39