Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави денеска дека земјата ќе ги испрати заробените членови на Исламска држава назад во нивните матични земји, истакнувајќи дека Европа ја остава Турција сама да го реши прашањето за заробениците.
– Ова за нас е неприфатливо. Исто така е и неодговорно. Ние ќе ги испратиме заробените членови на Исламската држава во нивните земји, рече Сојлу.
Турција зароби голем број припадници на терористичката организација Исламска држава во североисточна Сирија, откако започна воена инвазија таму минатиот месец.