Канаѓанецот Денис Шаповалов без борба стигна до финалето на тенискиот турнир во Париз, откако неговиот ривал, Шпанецот Рафаел Надал, мечот од полуфиналето го предаде.
Вториот на светската ранг листа, попладнево се предаде без борба поради болка во стомакот.
Се работи за истегнување на стомачен мускул. Не сакам да ризикувам, бидејќи можа да ми се влоши состојбата. Затоа одлучив да го предадам мечот, соопшти Надал. Во финалето, Шаповалов утре ќе игра со првиот светски рекет, Србинот, Новак Ѓоковиќ.
АТП Мастерс турнир „Ролекс“ во Париз се игра за награден фонд од 5,2 милиони евра.