Светската тенисерка број 1, Ешли Барти победи за првпат во кариерата во финалето на ВТА турнирот во Шенжен, откако ја совлада минатогодишната шампионка Елина Свитолина по 6-4, 6-3 за околу еден час и половина.

Така, таа ја детронира Украинката во Шенжен и ја освои четвртата титула во годината по триумфот во Мајами, Ролан Гарос и Бирмингем.

Барти, исто така, стана првата Австралијка од Ивон Гулагонг Коули во 1976 година која го освои финалниот „Мастерс“ на осумте најдобри и првата претставничка од континентот, што ќе ја заврши годината како број 1 во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 15:34