Илјадници граѓани денеска излегоа на улиците на Бејрут за да го поддржат претседателот на Либан, Мишел Аун и политичките реформи што ги предложи.

Учесниците на собирот се собраа околу претседателската палата во Бејрут, каде што повеќе од две недели се одржуваат антивладини протести.

Аун, кој беше главна мета на демонстрантите во четвртокот, предложи Либан да го напушти повеќедеценискиот „секташки политички систем“, заснован на етнички и верски поделби и да се сврти кон граѓанското општество.

Тој истакна дека земјата се наоѓа на опасен крстопат.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 16:08