Пилотот на Ферари, Шарл Леклер беше задоволен од прикажаното во квалификациите за „Гран при на САД“.

Моначанецот оствари четврто време, без скоро никаков тренинг на патеката, поради технички проблеми.

– Секогаш очекувам повеќе, но имав само половина од првиот тренинг и немав трет. Ситуацијата е комплицирана. Но, ќе се фокусирам на трката. Не е лесно да се учествува во квалификациите, кога ќе го пропуштите третиот тренинг. Тоа е клучно за настапот во квалификации. Не знам како тоа ќе влијае на мојот пласман. Ќе видиме на трката. Стартот на оваа патека е тежок. Има блиска борба во првиот агол. Мислам дека ќе имам одредени шанси.

Главната трка за Големата награда на САД од Формула 1 шампионатот ќе се вози вечер со почеток во 20:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 18:11