Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го победија Чикаго булс на гостински терен со 118:112. Првата ѕвезда на „езерџиите“ Леброн Џејмс натпреварот го заврши со троен ефект, 30 поени, 11 асистенции и 10 скокови.

Резултати на другите НБА натпревари одиграни ноќта вторник кон среда:

Шарлот – Индијана 122:120 Кливленд – Бостон 113:119 Атланта – Сан Антонио 108:100 Оклахома сити – Орландо 102:94 Денвер – Мајами 109:89.

Лејкерс се водечки тим во Западната конференција со шест победи и само еден пораз, на Истокот Филаделфија и Бостон имаат биланс 5-1 (победи-порази).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 10:34