Семејството на француската актерска ѕвезда Кетрин Денев соопшти дека таа претрпела „ограничен исхемичен удар”.
За среќа, актерката нема проблеми со движењето, но нејзиното целосно заздравување ќе потрае, информираат француските медиуми.
Агенциите јавуваат дека таа минатата ноќ била примена во една од болниците во Париз.