Одбраната на титулата на Хрватска ќе треба да помине без Марин Чилиќ во финалето на Дејвис купот подоцна овој месец, откако поранешниот шампион на „Ју Ес Опен“ објави дека нема да учествува поради повредата на коленото.
Хрватска, која ја победи Франција во ланското издание на турнирот, игра во воведниот натпревар во Мадрид против Русија на 18-ти ноември.
– Повредата на коленото продолжува да биде проблем за мене и во текот на сезоната стана јасно дека операцијата е неизбежна. Мојата рехабилитација оди добро, така што операцијата не е неопходна во оваа фаза. Сепак, ќе претрпам лесни интервенции што ќе ме остават надвор од тенискиот терен за некое време, и за жал, тоа значи дека нема да присуствувам на финалето на Дејвис купот овој месец, напиша 39-тиот тенисер во светот на Фејсбук.
Додавајќи дека е „крајно разочаран“, 31-годишниот Хрват рече дека ќе се посвети на враќање во најдобрата форма за почетокот на 2020 година „поздрав, поподготвен и помотивиран од кога било“.
Чилиќ беше избран за сосатвот на Хрватска заедно со уште четворица играчи – Борна Чориќ, Мате Павиќ, Иван Додиг и Никола Мектиќ.