Во кошаркарската НБА лига се случи еден куриозитет, двајца играчи во иста вечер постигнаа повеќе од 50 поени, но ниту еден од нив не се радуваше на победа.

Цели 14 години се немаше случено двајца кошаркари во ист ден да дадат повеќе од 50 поени, а за нивна несреќа на разиграните бекови, тимовите им загубија.

Демиен Лилард од Портланд уфрли 60 поени, што е негов личен рекорд, но и тоа не беше доволно за триумф над Бруклин нетс. Д`Анџело Расел од Голден стејт постигна 52 поени, но „воините“ се поразени од Минесота во меч на мој имаше и продолжение од пет минути.

Резултати: Индијана – Детроит 112:106, Орландо – Мемфис 118:86, Вашингтон – Кливленд 100:113, Атланта – Сакраменто 109:121, Минесота – Голден стејт 125:119, Њу Орлеанс – Торонто 103:122, Далас – Њујорк 102:106, Денвер – Филаделфија 100:97, Јута – Милвоки 103:100, Портланд – Бруклин 115:119, Лос Анџелес лејкерс – Мајами 95:80.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2019 11:25